Покачени цени во аптеките е констатирано од Агенцијата за лекови

Од:

Агенцијата за лекови во изминативе денови извршила контроли во аптеки, при што утврдила дека има зголемување на цените, на што укажуваа и граѓаните. Но, оттаму велат дека тоа е поради зголемување на набавната цена. Тие предупредија дека ќе има високи казни за сите оние кои со зголемени цени ќе им штетат на граѓаните.

„Агенцијата за лекови во изминатите денови има извршено четири вонредни инспекциски контроли, при што е констатирано зголемување на цените во аптеките, меѓутоа, во сите случаи, зголемувањето било поради зголемување на набавната цена. Следуваат високи казни за сите кои ќе е обидат да им наштетат на граѓаните, вклучувајќи и кривични пријави“, рече претседателката на инспекциски совет Магдалена Филипоска-Грашкоска.

Владата како мерка за стопирање на зголемвуање на цените, воведе и забрана, освен во случај на зголемени набавни цени.

„Би сакала да потсетам дека Владата забрани покачување на основните продукти и тоа на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциони средства со денот на прогласување на паднемија од Светскта здравствена организација, освен за оние за кои има доказ дека се зголемени во влезните фактури“, посочи Филипоска-Грашкоска.

Таа ги повика граѓаните, доколку увидат дека се работи спротивно на мерките на Владата, да го контатираат Дражавниот пазарен инспекрат и да пријават на 02 3220 547.

„Државниот пазарен инспекторат за овие два дена е извршена инспекција во 80 маркети и аптеки, каде е консатирано дека нема покачување на цените. Во однос на спроведувањето на владините мерки за заштита на граѓаните од короанвирусот, реализирани се над 3000 надзори од овој инспекторат. Најголем дел од објектите ги почитуваат владините мерки, со исклучок на три угостителски објекти и тоа два во Скопје и еден во Битола“, информираше таа.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска