Погребани загинатите стружани во сообраќајката кај Кавала

Од:

Неколку илјади граѓани на Струга и Охрид на муслиманските гробишта во Струга дојдоа да им одадат последна почит на загинатите стружани во сообраќајната незгода што пред неколку дена се случи во соседна Грција.

Враќајќи се од свадба во Турција кај грчкиот град Кавала, на автопатот Кавала-Солун, во страотна сообраќајка настрадаа 68-годишната Мубахад Шемо, нејзиниот син, 42-годишниот Бурхан, 39 годишната ќерка Мелиха и шест годишната Есин, инаку ќерка на починатиот Бурхан.

Како што објавија грчките медиуми причина за несреќата најверојатно била тоа возачот на комбето заспал на воланот возејќи, по што комбето во кое се наоѓале сите неколкупати се превртело.

Во комбето се наоѓале и уште неколку деца, сопругата на Бурхан и двете ќерки, сопругот на сега починатата Мелиха и нивната двегодишна ќерка Кајра. Таа е задржана во болницата поради повредите на главата со кои се здобила од ударот.

На погребот присуствуваа граѓани од сите националности, Македонци, Албанци, Турци… Семејството Шемо беше почитувано и ценето од страна на сите граѓани, беа познати бизнисмени.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Трамвај излета од шините, најмалку двајца загинаа, а 38 се повредени

Горан Наумовски

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он