Погребан пилотот Марјан Трајковиќ

Од:

На градските гробишта во Куманово денеска со сите полициски и црковни почести денеска беше погребан пилот – капетан, Марјан Трајковиќ, еден од четворицата пилоти кои загинаа во хелихоптерската несреќа во Струмица.

Од капетанот Трајковиќ се простија, семејството, роднините, пријателите, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, колегите, припадници на МВР…

Говор во чест и спомен на капетанот Трајковиќ одржа Јордан Ламановски, началник на СВР Штип, кој потенцираше дека професионалци како него не се забораваат туку оставаат неизбришлива трага во Министерството.

Пилот капетан Марјан Трајковиќ, роден е 1967 година во Куманово. Своето образование го продолжил како питомец на воздухопловната академија во Мостар, а потоа дипломирал на воена воздухоплованата академија во Задар, Хрватска во 1991 година.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ