Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан ќе богослужи во манастирот во Матка

Од:

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г Стефан утрово по повод празникот Успение на Пресвета Богородица ќе чиноначалствува со Светата Божествена литургија во истоимениот манастир во Матка кај Скопје. Литургијата започнува во 9:00 часот.

Одбележувањето на празникот кај народот познат како Голема Богородица ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.

Во манастирот вчера се одржа вечерна богослужба, Духовна академија, а имаше и полноќно бдеење.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите