Погинаа двајца Грци кај Петровец

Од:

Двајца Грци го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа која рано изутрина се случи на автопатот Скооје- Велес, кај Петровец.

Сообраќајката се случила околу пет часот, на два километри од наплатната рампа во Петровец, кога џип „Воклсваген Туарег“ со германски таблички управуван од грчки државјанин се судрил со српски автобус.

На лице место починал сопатникот од џипот, 44-годишниот Атанафиос К. од Грција, а малку подоцна на повредите им подлегнала и неговата сопатничка, 57-годишната Вивиани Д. исто така од Грција.

Патниците од автобусот кои се здобиле со повреди се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

 

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он