Пофалници за пожарникарите кои помагаа во Србија и БиХ

Од:

Дванаесет пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје кои учествуваа во спасувањето и извлекувањето на настраданите од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина денеска добија пофалници од градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

– Република Македонија беше меѓу првите што реагираше со испраќање на една противпожарна единица која помагаше во Обреновац, Србија и околината каде делуваше со чамци и пумпи во спасување на жителите и справување со поплавите. Во исто време пративме и една единица во Босна и Херцеговина која преку градот Сараево делуваа во повеќе градови во БиХ. Со ова докажавме дека нашата противпожарна бригада е подготвена, не само во Скопје и Македонија, туку да дава помош и надвор од државата, истакна Трајановски.

Според градоначалникот, противпожарните единици успешно ја завршиле, како што кажа, хуманитарната мисија во второто излегување на нашите единици надвор од државата.

– Градот Скопје на претходниот совет донесе одлука да дадеме и финансиска помош на Србија и на Босна и Херцеговина по еден милион денари, како и помош за несреќата во рудникот во Маниса во Турција. Собравме и хуманитарна помош од 22.000 литри вода која ја пративме за Србија, како и помош во намирници за Босна и Херцеговина, нагласи Трајановски.

Командирот на единицата која помагаше во Србија Ѕвонко Томески појасни дека тие делувале на териториите во Обреновац каде биле дел од единиците на српската Управа за цивилна заштита. Учествувале во градбата на насипи од песок, црпење на вода, како и во противпожарната служба на Белград.

Единицата во БиХ која дејствувала во Маглај и Орешје, учествувале во извлекување на над 350.000 удавени животни, утовар, вршење на дезинфекција како и спремање на камионите за транспорт.

– Дејствувавме заедно со единица на Федералната управа на цивилна заштита од Бихаќ. Ги миевме улиците во Маглај кои беа покриени со тиња и кал, вршевме дезинфекција на возилата и местата каде што се вршеше утовар, извлекувавме вода од јавни објекти и приватни куќи. Работевме по 12 часа во денот, истакна пожарникарот Игор Михајлов кој со својата единица 13 дена помагаше во Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица

САД: Издадени предупредувања за ледена бура, Калифорнија се подготвува за поплави