Поевтинуваат горивата

Од:

Бензините и дизелот од полноќ поевтинуваат за денар, а екстра лесното масло за домаќинствата за 1,5 денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на литар од моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 72 денари, а 74 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98, додека дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 62,5 денари за литар, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 62 денари. Поевтинува и мазутот М-1 НС за 1,105 денари за килограм и ќе се продава по 36,876 денари.

Со одлуката на РКЕ, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91 процент во однос на одлуката од 3 месецов.

РКЕ во образложението за цената на горивата наведува дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 2,646 проценти, дизелот за 3,041 проценти, екстра лесното масло за 2,917 проценти, а кај мазутот намалувањето е за 3,215 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,548 проценти.

Би можело да ве интересира

Поскапи горива од полноќ

Нова повисока цена на горивата

А1он

Повисоки цени на горивата од полноќ

Намалување на цените на горивата

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

Поскапуваат бензините