Подобро парк Груевски, отколку премиер Никола Груевски

Од:

Во знак на револт, иронично граѓанските иницијативи „Авангарда“ и „Кислород“, паркот спроти Бристол, кој што власта ќе го уништи, бидејќи тука ќе се гради зграда на Советот за радио дифузија, повторно во барокен стил, го нарекоа „Парк на Никола Груевски“.

Ова велат е „благодарност“ до премиерот, а името го носи со надеж дека како што велат тираните на Груевски нема да го уништат зеленото катче именувано по него.

park1

„Повеќе можам да издржам парк Никола Груевски отколку премиер Никола Груевски“, рече претставникот на Плоштад Слобода.

Насобраните граѓани со јасна порака до власта, дека нема да се дозволи да се уништи и ова можеби последно зелено катче и парк во центарот на градот. Меѓу присутните беше и градоначалникот на Центар Андреј Жерновски кој кажа дека тука е пред се како загрижен граѓанин.

park2

„Сите не загрижува податокот дека за последните 10 години е уништно 80% од зеленилето во Центар. Како градоначалник ќе направам се, како што и ветив, да престане уништувањето на зеленилото и ќе работам на враќање на зелените површини“, порача Жерновски.

park3

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар