Подобрени условите во прилепскиот затвор, отворено детско катче за посети на децата на осудените

Од:

Условите во македонските затвори се подобруваат, но е потребна уште заедничка работа. Останува процената на Европската Унија дека во одредени случаи има несоодветно постапување. Ова беше посочено на денешното отворање на катчето за децата-посетители на осудениците и обновената библиотека во Казено-поправниот дом во Прилеп.

Фрек Јанмаат, од Делегација на Европската Унија во Скопје ја истакна важноста која ЕУ ја придава на подобрувањето на затворските услови.

-Реформите во затворскиот систем и нивно усогласување со европските стандарди и практики се амбициозен чекор. Бара колективна работа и соработка, но и координација меѓу институциите. И досега е кажано дека условите во затворите во државата се многу тешки. Според проценките на Советот на Европа во одреден случај може да се дефинираат и како несоодветно постапување. Навистина е значаен професионализмот, ова не е лесна работа, рече Јанмаат.

Додаде дека имало напори да се подобри ситуација, но, како што рече, тоа не е сѐ уште видливо.

-Подобрувањето на условите во затворите и професионализацијата е приоритет, заедно со обезбедувањето соодветни здравствени услуги, како и борбата со секаков вид несоодветно постапување. Образованието, рфесоцијализацијата, рехабилитацијата се, исто така, приоритети. Ова денеска, обновувањето на библиотеката и детското катче за децата посетители на осудениците, е направено во соработка и со поддршка на проектот на затворската полиција и ќе даде придонес во сите напори на затворската управа и вработените кон ресоцијализација, рехабилитација на осудениците, зашто зачувување на семејните врски на осудениците ќе биде прилог во сето тоа, посочи тој.

За Европската Унија, нагласи, е битно подобрувањето на условите, зашто веруваме дека човеково право е да се живее во соодветни услови каде не се подрива човековото достоинство.

-Наша обврска е да се осигураме дека на осудениците им е дадена втора шанса. Тоа е важно и за безбедноста во општеството. Зачувувањето на човековите права е клучно за членсктвото во ЕУ. Тоа е услов за кој не се преговара, рече Јанмаат.

Раководителката на оперативно работење на Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Лејла Дервишагиќ изјави дека целта на детското катче и библиотека е да им се помогне на осудените лица во задржување на нивните семејни врски, како и да се олесни процесот на ресоцијализација по издржување на казната. Таа ја истакна важната соработка со затворските власти во земјава, кон градење на побезбедно и похумано општество кое ги почитува и штити правата на притворените и осудени лица, во согласност со европските вредности и стандарди.

-Ова е второ катче кое се отвора по она пред три години во Штип за да се заштитат човековите права и основните слободи за сите, рече Дервишагиќ.

Директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски истакна дека има значаен напредок, но мора да се бараат алтернативни мерки зашто капацитетите се преполни со околу 2.000 осуденици во сите установи. Најави и капитална инвестиција за следната година.

– Секако дека има еден позитивен исчекор за условите и состојбите во затворите и казнено-поправните домови. Тоа е евидентирано и во извештаите, пред сѐ, од Комитетот за певенција и тортура. Заедно со нашиот стратешки партнер – Советот на Европа и другите меѓународни институции кои несебично ни даваат поддршка, се развиваме и условите во сите установи се на значително повисоко ниво. За жал, тоа не е доволно, може повеќе и во идниот период ќе продолжиме да работиме, пред сѐ, во подобрувањето на условите, рече Спасовски.

Значителни проусти, додаде, нема во овие установи, но акцент треба, прво, да се стави на ресоцијализацијата на осудените лица, а во инфраструктурата имаме сериозни инвестиции.

-Во употреба е пуштен новиот воспитно-поправен дом, целосно е реконструиран затворот во Битола. Нареднава година е планирана капитална, најголема инвестиција, целосна реконструкција на затвореното одделение. За жал немаме доволен број сместувачки капацитети и сите казнено-поправни установи во земјава се преполни. Затоа, со меѓународната заедница работиме во делот на пробација, заедно со судовите до кои апелирам да изрекуваат што повеќе алтернативни мерки, односно мерки за општокорисна работа, условно со надзор и без надзор. Со тоа ќе придонесеме и во делот на ресоцијализацијата и ќе ги растовариме капацитетите во казнено-поправните домови. Во целиот затворски систем се преку 2.000 затвореници, изјави Спасовски.

Околу 40 деца и нивните семејства ќе придобијат од детското катче во КПУ Прилеп, кое е второ од таков вид во земјата. Новото катче за посетители и библиотека беа опремени преку грант од 4.000 евра обезбедени во рамките на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија” и во блиска соработка со КПУ Прилеп, кој придонесе преку уредување на просторот и креативно боење на ѕидовите од страна на осудените лица и припадниците на затворската полиција.

Во Прилепскиот казнено-поправен дом се 119 осуденици, најмногу до 15 години затворска казна и главно се осудени за разбојништво и кражби. Капацитетот е полн и има за 11 повеќе во установата.

Би можело да ве интересира

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он

Пронајдена дрога при претрес во прилепско: Затвореници развиле бизнис со препродавање наркотици

А1он