Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА

Од:

Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој е на лекување во Воено-медицинската академија во Белград има подобрување на здравствената состојба и тој од Интензивна нега е префрлен на Клиниката за пластична хирургија, јави дописникот на МИА од Белград.

Десет лица повредени во пожарот во дискотека во Кочани се хоспитализирани на ВМА од кои шест се на Интензивна нега. Нивната состојба е тешка и многу сериозна.

– На ВМА има 10 пациенти, од кои шест се на интензивна нега. Сите се во тешка и тешка состојба. Еден пациент кај кого има подобрување на здравствената состојба го напушти одделението за Интензивна нега и е префрлен на Клиниката за пластична хирургија. Тоа значи дека сепак е чекор кон подобро. Неговиот живот повеќе не е во опасност, но допрва претстои голема борба за закрепнување, изјави за РТС д-р Иван Лековиќ, заменик началник на Воено медицинската академија и главен дежурен хирург.

Би можело да ве интересира

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

Одобрени се обвиненијата против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани и за злоупотреби со ИПАРД

Тринаесет полициски службеници ќе одговараат за пожарот во Кочани

Сведоци за пожарот во „Пулс“: Паника за време на настапот на ДНК

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога