Подобрена безбедноста на храната во домовите за стари лица, информира АХВ

Од:

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на почетокот на месецов спроведоа 39 вонредни инспекциски контроли во домови за стари лица во земјава. Со контролите утврдено е дека само еден не бил регистриран како оператор со храна во АХВ за што му е изречена времена забрана за работа, глоба и даден е налог за негова регистрација во Агенцијата.

Од АХВ посочуваат дека еден оператор со храна не ги задоволувал хигиенските барања за безбедност на храната, а четири од контролираните домови за стари лица немале спроведено задолжителен задравствен преглед за вработените лица.

-За утврдените недоследности кои се однесувале и на нередовно водење на записи за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, недоставување на увид сертификати за спроведени обуки од областа на хигиената на храна, евиденција за набавки, доцнење со спроведување на задолжителни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација и други помали недоследности, издадени се и три решенија со наредби за нивно отстранување и две опомени, истакнуваат од АХВ.

За сторени прекршоци од поголем обем изречени се глоби во вредност од 1.550 евра во денарска противвредност за четири оператори, а само од еден контролиран оператор, нештетно се уништени шест килограми небезбедна храна.

Од АХВ посочуваат дека состојбата е значително подобрена во однос на претходните контроли спроведени во ноември 2024 година.

-При спроведените вонредни инспекциски надзори кај истата категорија оператори во ноември 2024 година, 14 не беа регистрирани како оператори со храна во АХВ, а нештетно уништени беа 40 килограми небезбедна храна. Издадени беа 16 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности, а парични казни изречени беа на 18 домови за стари лица, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Уништена е над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

А1он

АХВ апелира до сопствениците: Чипирањето на кучињата e законски задолжително

Горан Наумовски

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

Превентивно повлечени одредени серии Аптамил формули за доенчиња

Ќе се градат гробишта за миленици, се утврдуваат локации во општините