Поднесено обвинение за разбојништво и тешка кражба против едно лице

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривични дела – разбојништво и тешка кражба.

– Имено, на 23 јануари 2019 година сега обвинетиот, во придружба на уште едно лице, влегол во продажен салон на оператор на мобилна телефонија во близина на Бит Пазар и со употреба на сила и сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на едно вработено лице, од него одзел 96.500 денари со намера противправно да ги присвои, соопштија од Обвинителството.

Наведоа дека обвинетиот претходно ја разгледал поставеноста на безбедносните камери и проверил колку вработени се присутни во продажниот салон, а потоа се обидел да украде изложен мобилен телефонски апарат, но притоа се вклучил безбедносниот звучен аларм. Во тој момент обвинетиот излегол од продавницата и го натерал другото лице кое било со него да се заменат со јакните. Дополнително маскиран со качулка и марама, се вратил во салонот и извадил пиштол со кој му се заканил на вработениот, побарал од него да ја отвори касата и ги одзел парите.

– Истражната постапка за овој настан за кривичното дело разбојништво беше отворена и против лицето кое го придружувало обвинетиот во критичниот момент, но надлежниот јавен обвинител донесе наредба за запирање на истрагата откако во текот на постапката не беа пронајдени докази кои упатуваат на тоа дека ова лице било соизвршител во разбојништвото, истакнаа од Обвинителството.

Соопштија дека на 25 јануари 2019 година, пак, во непосредна близина на казино во Бутел, обвинетиот со употреба на сила и сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на една оштетена и одзел паричник во кој имало лични документи и 200 денари. Притоа вербално и се заканувал за да ја принуди да му ги даде парите. Со ова тој сторил кривично дело – тешка кражба.

– Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител предложи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка притвор, наведоа од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски