Поднесено обвинение за обид за изнуда

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против лице дека сторило кривично дело „изнуда“ предвидено и казниво во согласност со член 258 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Како што соопштуваат од ОЈО Скопје,обвинетиот во текот на ноември и декември 2018 година со намера за себа да прибави противправна имотна корист, упатувал сериозни закани преку телефон на оштетената тврдејќи дека поседува документи со кои би можел да го извади од притвор нејзиниот сопруг.

– За да и ги достави тие документи осомничениот од неа барал да му исплати сума од 150 илјади евра. а истовремено и се заканувал дека доколку пријави, ќе постави бомба и дека “ќе биде лошо за неа и за нејзините внуци”.

Оштетената не му го исплатила бараниот износ и тој не успеал да ја реализира намерата, пишува во соопштението.

За обвинетиот на сила се претходно определените мерки за претпазливост:забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува привремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено оддземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување односно одржување на контакти или врски со определени лица, наведуваат од ОЈО Скопје.

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР