Поднесено обвинение за Нефи Усеини за дивоградба во центарот на Охрид

Од:

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен акт против Нефи Усеини и уште едно лице за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

Според соопштението од Обвинителството, осомничените на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27 јули оваа година започнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле да го надградуваат објектот со две армирано бетонски плочи со кои ја зголемиле неговата катност.

Против првиот обвинет во овој предмет се води судска постапка за уште едно бесправно градење во центарот на Охрид.

Би можело да ве интересира

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он

Обвинителството бара пртивор за Ива Михаилова

Катерина Ѓуровски

Приведениот виш јавен обвинител е осомничен дека влијаел во најмалку четири случаи

Катерина Ѓуровски

Обвинение за пет интернисти од битолската болница за смртта на 40-годишна жена

Катерина Ѓуровски

Четворица крадци пустошеле низ Боговиње: однеле пари, злато и оржје, штетата е 250 илјади евра

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи