Поднесено обвинение за гостиварец кој при семејно насилство телесно ја повредил сопругата

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „телесна повреда“, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинетиот 32-годишен жител на Гостивар, додаваат од ЈО, при вршење семејно насилство во семејната куќа во гостиварската населба Циглана, телесно ја повредил неговата сопруга.

– На 17 август тој физички ја нападнал оштетената со повеќе удари со раце и нозе по телото и главата, ја влечел и ја соборил, па и го одзел мобилниот телефон и 5.000 денари кои оштетената ги имала кај себе, посочуваат од ЈО.

Би можело да ве интересира

Крим техничар од гостиварската полиција призна дека украл запленети пари и злато

Катерина Ѓуровски

Маж од радовишко силувал 77-годишна жена

40-годишник од стумичко починал на паркинг во Скопје

Катерина Ѓуровски

Со нож и се заканувал на сопругата, а потоа ја истепал

Двајца Срби, едниот малолетник, повредени во сообраќајка кај Неготино

Ја давел и ја тепал сопругата со чадор, семејно насилство во скопски Бутел