Поднесено обвинение за две разбојништва во финансиски друштва

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице кое се товари дека на 5 и 8 август извршило две разбојништва во финансиски друштва.

Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетиот на 5 август влегол во просториите на финансиското друштво „М КЕШ“ ДООЕЛ во трговскиот центар „Палома Бјанка“ и со звучно-сигнален пиштол марка „Екол“ и се заканил на вработената. Потоа се упатил зад работното биро и од фиока го одзел дневниот промет од 21.400 денари, па го напуштил местото.

На 8 август, на сличен начин влегол во просториите на финансиското друштво „Тиго Фајнанс“ на улица „Ѓорче Петров“, го извадил сигналниот пиштол, го репетирал и се заканил на две вработени кои во моментот биле во објектот. Притоа одзел 242.600 денари со намера противправно да ги присвои.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор против обвинетиот, со оглед на тоа што и натаму постои опасност од бегство и можност тој да го повтори кривичното дело.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари