Поднесено обвинение против скопјанец кој ја силувал својата ќерка

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 62-годишен скопјанец, кој се товари за кривично дело – Родосквернавење од член 194 став 1 во врска со член 12 став 2 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, како што информираат од Обвинителството, на 9 ноември во неговиот дом, во состојба на битно намалена пресметливост како резултат на психичка болест – токсикомански алкохолизам, се нафрлил и извршил обљуба врз неговата ќерка. Оштетената постојано се противела и го туркала, но не успеала да се оттргне од обвинетиот кој бил во алхололизирана состојба.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, поради опасност од бегство, можност обвинетиот да влијае врз сведокот/оштетената и можност тој да го повтори делото.

Би можело да ве интересира

Со ловечка пушка се заканувал во адвокатска канцеларија во Кичево

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

Четворица од неготинско силувале 13-годишно девојче

Катерина Ѓуровски

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски