Поднесено обвинение против двајца прилепчани за кражби извршени во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека поднело обвинителен предлог со кој се опфатени двајца прилепчани на возраст од 47 и 46 години за сторени две кривични дела „тешка кражба“, како и барање за продолжување на мерката притвор, која на обвинетите им е претходно изречена.

Како соизвршители, обвинетите во неколку наврати со провалување во затворени простории, одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.

На 9 март 2020 година со употреба на погоден клуч-калауз во 10.00 часот провалиле во стан на бул. „Јане Сандански“ во Скопје. Од таму одзеле предмети и пари во вкупна вредност од 171.300,00 денари од кои златни парчиња накит во вредност од 103.550,00 денари и парични средства во вредност од 67.750,00 денари.

Дента, на ист начин, околу 11.30 часот провалиле во стан во близина, каде одзеле златен накит во вредност од 91.350,00 денари и парични средства во висина од 49.200,00 денари, се во вкупна вредност од 140.550,00 денари.

– Јавниот обвинител ги зеде предвид околностите во кои биле извршени кривичните дела, како и постоењето на опасност од бегство или криење на обвинетите, па до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на мерките притвор, кои на обвинетите претходно им беа веќе определени, се наведува во соопштението од ЈОРСМ.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски