Поднесени нови приговори до ДИК за сумирање и утврдување на резултатите

Од:

До ДИК се пристигнати нови приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите.

Алијансата за Албанците која на изборите настапува во коалиција со Алтернатива поднела 77 приговори.

Претходно до синоќа беа поднесени 82 приговора.

Вечерва во 19.30 завршува 48-часовниот рок за поднесување приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето, а синоќа во 21 часот заврши рокот за поднесување приговори за постапката за гласање.

СДСМ најави дека нема да поднесе приговори за овие избори. Најавени се приговори од други политички партии,но тие се уште не се пристигнати до ДИК.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште