Поднесени листи за советници и кандидати за градоначалник во тетовско

Од:

Поднесени листи за советници и кандидати за градоначалник во петте рурални општини во тетовско.

Во општина Јегуновце кандидати за градоначалници пријавиле четири политички партии СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ и движењето Беса потврди заменик претседателот на ОИК Ваљон Нухиу. Тој поосчи дека истите тие четири партии поднеле и кандидатски листи за општински советници, а покрај нив тоа го направиле и од ДПА, Алијансата за Албанците и Народното движење.

До општинската изборна комисија во Теарце кандидати за градоначалник доставиле СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ, Беса, ДПА и од Алијанса за Албанците. Тие поднеле и листи со кандидати за општинскиот совет заедно со Турската демократска партија, информираше претседателот на ОИК Теарце Хусеин Хусеини.

Според инфорамции од ОИК Брвеница четири кандидатски листи за градоначалник за општина Брвеница пристигнале до ОИК во оваа тетовска рурална општина и тоа од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, Беса и еден независен кандидат додека советнички листи со кандидати поднеле од Беса, ДУИ, ДПА, Алијанса за Албанците, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Во трката за градоначалник на општина Боговиње ќе учествуваат кандидати од ДУИ, ДПА, движењето Беса, Алијанса за Албанците и од ПДП додека советнички листи до ОИК во Боговиње поднеле ДПА, ДУИ, движењето Беса и од Алијанса за Албанците, информираа од ОИК во Боговиње.

Во ОИК во Желино пристигнале кандидатурите за градоначалник од ДУИ, ДПА, Алијанса за Албанците, движењето Беса, коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и Социјалдемократската партија на Македонија(СДПМ) информираше претседателот на ОИК Желино Агим Несими.

Тој ги поосчи и кандидатските листи за советници од ДУИ, ДПА, движењето Беса, Алијанса за Албанците, коалицијата За живот во Македонија предводена од СДСМ, движењето за национално единство на Турците, Демократската партија на Турците, и коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

Почетокот на судскиот процес за театарот и библиотеката повторно одложен – нов термин закажан за 8 октомври

Семејство од Тетово бара помош: Исчезнат е 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски