А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Поднесени 500 амандмани на предложените измени на Изборниот законик

by А1он28/07/2021 - 20:47401
Share0

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците попладнево не го утврди дневниот ред на седницата на која требаше да расправа за предложените измени и дополнувањата на Изборниот законик, откако тие претходно влегоа во собраниска процедура по скратена постапка, како дел од дневниот ред на 49 седница на Собранието.

Следете a1on на Instagram Instagram

Претседателката на Комисијата Соња Мираковска изјави дека за измените се поднесени 500 амандмани. Главна причина да се прекине работата на Комисијата, како што рече, биле поднесените амандмани и потребата да се средат материјалите, но и да се остави повеќе простор за изјаснување на пратениците по упатените забелешки.

Според Мираковска, се очекува седницата да продолжи утре, откако ќе се подготват материјалите.

Измените и дополнувањата на Изборниот законик се предложени од пратениците Јован Митрески, Александар Николоски, Никола Мицевски, Арбер Адеми, Скендер Реџепи.

Следете a1on на Youtube YouTube

Како што образложи Митревски, предложените измени на Изборниот законик произлегуваат од последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР поврзан со предвремените избори во 2020 година и оти дошле по повеќемесечна сеопфатна дебата меѓу партиите и работната група на Министерството за правда.

– Со измените се опфатени сите делови на извештајот на ОБСЕ-ОДХИР и со истите се овозможува поголема ефикасност на изборните органи, се зголемува и подобрува ефикасноста и транспарентноста во изборниот процес, се прецизираат, појаснуваат и поедноставуваат одредени делови од процесот, надлежноста на изборните органи и другите институции и се подобруваат и се воведуваат нови изборни дејствија и рокови пред сè кои се поврзани од досегашното искуство и пракса при спроведувањето на изборите од страна на Државната изборна комисија, но и кои произлегуваат од воведувањето на нов начин на идентификација на гласачите и делумно нов начин на гласање за советници во општините преку отворени-преференцијални листи на кандидати, рече Митревски.

izboren zakoniksobranie

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:28

Мицкоски не е оптимист за Изборниот законик, ги нарече опозитиските политичари неодговорни и незрели

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 12:12

Рокас: Се надевам дека денеска ќе се постигне консензус за измените на Изборниот законик

Катерина Ѓуровски14/07/2026 - 12:3214/07/2026 - 12:47

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Одложена координативната средба на опозициските партии околу Изборниот законик, поради неприсуство на СДСМ

Горан Наумовски13/07/2026 - 15:33

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео