Поднесени 14 кривични пријави во рамки на акцијата „Гора“

Од:

Во рамки на акцијата „Гора“ во текот на минатиот месец поднесени се 14 кривични пријави против 17 лица.

Кривичните пријави се поднесени за вкупно 14 кривични дела од кои 10 се за „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“, а останатите за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „пустошење на шума“, „кражба во обид“ и „кражба“.

Кривични пријави за вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“ се поднесени против И.С. (35), М.Л. (53) Б.Р. (70), Д.Х. (33), Н.М. (29), Н.Л. (27), А.С. (62) Б.И. (30), З.А. (33) и М.И. (47). Тие во повеќе наврати вршеле транспорт на огревно дрво без да поседуваат лиценца.
За злоупотреба на службената положба и овластување поднесена е кривична пријава против Н.М. (26) заради тоа што тој како шумски полицаец во шумската полициска станица – Скопје во четири наврати во 2012 и 2014 година на четири лица, сторители на прекршок, им вратил дел од одземено огревно дрво и четири товарни возила кои претходно биле одземени поради сторен прекршок.

За кривично дело „кражба“ пријавен е Е.А. (27) кој со намера за противправно присвојување дрва од туѓа шума исекол повеќе стебла огревно буково дрво во количина 1.40 метри кубни.

Против Б.М. (43) и М.С. (46) се поднесени кривични пријави за „кражба во обид“ бидејќи во атарот на селото Горно Смиљковци на месноста викана Ѓорѓинчево од парцела, сопственост на друго лице, сакале да украдат околу еден метар кубен дабово дрво и да го натоварат на коњи.
Кривични пријави за „пустошење на шуми“ се поднесени против М.С. (37), С.К. (21) и Е.А. Тие со намера противправно да присвојат огревно дрво во месноста викана Орманче во селото Бардовци со рачни пили извршиле бесправна сеча и пустошење на шума, соборувајќи повеќе стебла на дрва од вид јасика во маса од два кубни метра.

Би можело да ве интересира

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он