Поднесена иницијатива за испитување на уставноста за преименување на улиците во Тетово од 2007 година

Од:

Сојузот на борците од НОБ и граѓаните продолжувачи Тетово информира дека денесka поднеле Иницијатива за оценување на уставност и законитост на Одлуката на Советот на Општина Тетово бр. 07-766/4 од 24.04.2007 година која се однесува на промена на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во градот.

Од Сојузот образложуваат дека одлуката е спротивна на членовите 7, 8 и 51 од Уставот на Македонија, како и спротивна на членовите 5, 6, 7 и 8 од Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, како и чл. 6 ст. 3 од Законот за употребата на македонскиот јазик.

-Очекуваме Уставниот суд одлуката да ја укине како неуставна и незаконита. Спорноста на Одлуката произлегува од нејзината едностраност, односно истата е донесена без исполнување на законскиот услов – претходна согласност од Владата на Република Македонија. Спорната Одлука и покрај тоа се применува од страна на Општина Тетово и нејзините јавни претпријатија, иако државните органи не ја применуваат, поради што произлегува и потребата од постапка за нејзино укинување, велат од Сојузот на борците од НОБ и граѓаните продолжувачи Тетово.

Оттаму посочуваат дека покрај немањето согласност од Владата оспорената Одлука е спротивна на Законот бидејќи за одредени улици утврдила име користејќи странски јазик, а истото е испишано на кирилско писмо.

-Уставот и Законот налагаат имињата на улиците да бидат напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Оттаму, незаконски е улица да се вика „Конгреси и Манастирит“, или „Дешморет е комбит“, бидејќи истите се напишани на албански јазик, но на кирилско писмо. Правото на граѓаните кои се од малцинска заедница која е застапена со над 20% од населението името на улицата да биде испишано и на нејзиниот јазик е сосем друг тип на јазично право, но Законот е јасен и налага соодветна употреба на македонскиот јазик, се вели во соопштението на Сојузот на борците од НОБ и граѓаните продолжувачи Тетово.

По најавата на Општина Тетово за преименување на нови улици, Општинската организација на Сојуз на борците од народноослободителната и антифашистичката војна и граѓаните продолжувачи од Тетово испрати отворено писмо до тетовскиот градоначалник во кое бара да нема преименување на градските улици кои носат имиња од антифашистичкото минато на македонскиот народ и народности.

Би можело да ве интересира

24-годишно момче од Тетово си го истепа три години постариот брат

Сојузот на борци преку отворено писмо бара да нема промена на имиња на улиците во Тетово

А1он

Одбележани 24 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски

Мајка и син од Тетово се најновите жртви на семејно насилство

Горан Наумовски

Обвинителство: Се скарал со синот и со еден истрел во градите го ликвидирал

Истрагата откри: Тетовчанец пред два дена со ловечка пушка си го убил синот

Горан Наумовски