Подмладоци на 34 партии потпишаа Декларација за фер, слободни и демократски избори

Од:

Подмладоците на 34 политички партии денеска потпишаа Декларација за фер, слободни и демократски избори и против говор на омраза.

– Значењето на оваа Декларација и на денешниот настан е голем пред се за самите млади, за младите политичари, но и државата и општеството во целост, затоа што со оваа Декларација се покажува знаечењето и влијанието на политичките подмладоци во нашето општество, се покажува нивниот легитимитет, кредибилитет, но и капацитет за спроведување на една мирна, фер и демократска кампања, заложби против говорот на омраза и заложби за еден предизборен фер плеј, изјави Билјана Јанева, извршен директор на Институт Охрид, кој беше организатор на настанот.

Со организација на овој цереминијален чин, како што рече Јанева, сакаат да покажат дека политичките подмладоци се и тоа како важен стратешки партнер за организирање и за спроведување на изборите.

Таа додаде дека Декларацијата се потпишува секоја година на избори, почнувајќи од 2014 година, затоа што Институт Охрид е невладина организација која има мисија да го зголеми и прошири учеството на младите во политиката, да ги зголеми капацитетите на младите политичари во политиката и во опшеството и да ги помогне да бидат покредибилен партнер и со поголеми капацитети да влијаат врз градењето на политиките во нашето општество.

Марко Михаилоски, претседател на Социјалдемократска младина (СДММ) по потпишувањето на Декларацијата изјави дека правото на избор е врвно демократско право и тоа треба да се одвива слободно, без притисоци, преку лична одлука на тоа што гласаме.

– СДММ како дел од СДСМ активно работи на мотивирање на младите во политичкиот и општествен живот. Како младина постојано сме вклучени во сите процеси кои маат за цел да ја унапреат демократизацијата во нашето општество, еден од нив е изборниот процес и можноста преку непосредно гласање да се одлучува за својата и иднината на својата држава. СДММ на овие избори ќе водат кампања согласно сите протоколи за заштита на јавното здравје и сите ќе водиме позитивна кампања, рече Михаилоски.

Претседателот на Унија на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов се заблагодари на заложбата на Институтот Охрид.

– Ајде да покажеме дека овие избори се избори за младите, да покажеме колку ние младите вредиме и дека гласот треба да ни биде слушнат. Како УМС можеме да се пофалиме со големо присуство на млади луѓе на советничките листи, четири носители на советнички листи низ општините ширум Република Македонија итн., рече Попов.

Потписници на годинашната Декларацијата се партиите Алијанса за Албанците, Алтернатива, Бошњачки демократски сојуз, ВМРО – Демократска партија за македонско национално единство, ВМРО – Народна партија, Глас за Македонија, Граѓанска опција за Македонија, Движење БЕСА, Движење за национално единство на Турците, Демократска обнова на Македонија, Демократска партија на Албанците, Деморкатска партија на Србите во Македонија, Демократска партија на Турците во Македонија, Демократски сојуз, Демократски сили на Ромите, Демократска унија за интеграција, Достоинство, Единствена Македонија, Левица, Либерално демократска партија, МААК – Млади конзервативци, Интегра, Нова либерална партија, Нова социјалдемократска партија, Обединети за Македонија, Обединета партија за еманципација на Ромите, Партија за движење на Турците, Партија за економски промени 21, Партија за целосна еманципација на Ромите, Партија на Власите од Македонија, Партија на обединети демократи на Македонија, Роми обединети од Македонија, Сојуз на Ромите, Социјалдемократски сојуз на Македонија и Социјалистичка партија на Македонија.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска