Подметната експлозија во куќа на иселеник во Мала Речица

Од:

Непозната експлозивна направа била поставена и активирана изминатата ноќ околу 23.50 часот  во куќата на К.К.(66) на улицата „146“ во тетовска Мала Речица,  информираше денеска Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Освен голема материјална штета, во експлозијата нема повредени  бидејќи семјеството е на привремена работа во Италија и во времето на експлозијата внатре немало никого.

Според  податоците на Јосифовски, непознатите сторители насилно ја отвориле металната влезна врата во призмејето по што влегле внатре и на влезот од дневната соба со кујната ја поставиле и активирале експлозивната направа.

Од силната детонација најмногу оштетени се овие две соби но и други простории од куќата, прозорците, делови од фасадата, како и еден прозорец на соседната куќа.

Веднаш по пријавувањето на случајот во полиција од страна на соседите, увид на местото извршиле екипа на СВР Тетово, јавното обвинителство и единица за антитероризам од Управата за безбедност и контраразузнавање.

– Притоа биле пронајдени повеќе траги што биле подигнати за вештачење и се работи на откривање на сторителите и причините зошто била поставена и активирана експлозивната направа тука, рече Јосифовски.

Инаку, пред околу две недели полицијата по добиена пријава за кражба извршена во истата куќа, исто така, била таму при што на влезната врата забележале поставена експлозивна направа што потоа соодветно, заедно со други траги, биле подигнати за вештачење.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он