Подготвуваат испити и волонтираат: студентите на штипскиот Медицински факултет вклучени во вакцинацијата

Од:

На штипскиот регионален пункт за имунизација досега околу 13.000 граѓани од штипскиот и струмичкиот регион се вакцинирани против Ковид-19. Дијана Коцева Миланова лекар на вакциналниот пункт вели дека за да се достигне оваа бројка на имунизирани граѓани, вклучени се 50 лица од Здрваствениот дом, Клиничка болница-Штип, но и студенти на Факултетот за Медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, волонтери на ОО Црвен Крст-Штип, како и припадниците на АРМ и полцијата.

Идниот лекар Стефан Мишевски од Скопје од почетокот на имунизацијата на населението аплицирал 3.000 вакцини против Ковид-19. На регионалниот пункт во Штип е рекордер во ставање на вакцини. Тој заедно со 80 волонтери од Медицинските факултите во земјава е дел од тимовите за имунизација на населението на седумте пунктови во земјава. Дваесет и три годишниот Стефан е студент на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, на ова момче кое истовремено учи и ги полага испитите од трета година не му е тешко секој ден да е на пунктот во штипската сала „Јордан Мијалков“. Со многу жар и ентузијазам влегува во волонтирањето, но според него ова е и голема шанса за секој студент на Медицинскиот факултет да има пракса и контакт со пациентите.

-Волонтерската работа за мене пред се значи една многу голема лекција во животот, заради тоа што најголемата плата во животот не е парична, туку е душевна. Сепак на крајот на денот сите ние одиме дома и легнуваме и треба да спиеме мирно. Воедно ова за мене е и голема пракса, за сите нас студенти и за учениците од средното медицинско училиште и професори, заради тоа што панденмијата се случува еднаш на повеќе години, на сто години научно докажано и на некој начин ние таа пракса, која ни е ограничена на овој начин на образование, кое е по електронски пат. Ние на пунктовите за имунизација гледаме сето тоа да го надокнадиме, без разлика дали гледаме од аспект на имунизација или од аспект на администрација. Ние со текот на времето и понатаму тоа ќе го работиме, вели Мишевски.

И покрај обврските кон факултетот, Стефан вели дека се наоѓа време и за волонтирање на пунктот, претходно волонтирал на пунктот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, а пред десет дена кога се отвори пунктот во Штип, тој веднаш го прифатил предизвикот и дошол овде да волонтира, но и да го пренесе позитивното искуство од пунктот во Скопје.

-Во моментов спремам испит и кога се сака се успева, на пунктот сме од шест до седум часа, додека се раздолжиме, додека ги исчистиме работните места. Но, се што се прави за човеково добро, мислам дека дава мотив уште повеќе и повеќе да се вложиме, во она што го изучуваме, вели Мишевски.

Неговата колешка Сашка Јованчевска, која е втора година на Факултетот за Медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ вели дека нејзнината професија е хумана, лично таа сака да им помага на луѓето, но ова и е шанса и за практична настава.

-Само што започнав да волонтирам, но сакам да доаѓам додека не заврши целосната имунизација, со цел да се врати животот во нормала и да ја победиме оваа пандемија. Овде секој ден нешто ново учам и мислам дека ќе научам многу, многу нови работи од колегите од повисоките години, секако и од лекарите, медицинските лица, вели Јованчевска.

Таа е администратор ги внесува податоците на луѓето кои се имунизираат, засега не аплицира вакцини, но вели дека наскоро ќе ја има можност и тоа да го научи, вели Јованчевска.

Околу 80 студенти на Медицинскиот факултет од Штип се вклучени во организацијата за имунизација на населението на пунктовите во Штип, Кавадарци, Охрид и Битола.

На пунктовите се вклучени волонтерски и членови на Општинските организации на Црвен Крст. Дијана Коцева Миланова лекар на вакциналниот пункт во штипската сала „Јордан Мијалков“ се радува што студентите и волонтерите на Црвен Крст со многу љубов и елан помагаат и работат на пунктот, со цел да се имунизира населението од штипскиот и струмичкиот регион.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска