Подготовките за пристапните преговори и претстојниот референдум теми на средвбата Османи-Блок

Од:

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Стеф Блок, на која биле отворени темите за подготовката на земјата за почеток на пристапните преговори, со посебен акцент на подготовката на тимот и структурата за преговори, за предизвиците поврзани со претстојниот референдум во однос на Договорот од Преспа, како и за севкупната поддршката на нашата земја од страна на Кралството Холандија.

– Холандија претставува еден од најцврстите поддржувачи на Република Македонија и нашите интегративни процеси, но и земја со која традиционално имаме исклучително успешна соработка. Оваа поддршка секако ја очекувам и во овој клучен период за земјава, изјави Османи.

Тој при тоа, како што соопштија од неговиот кабинет, посочи на чувствителноста на периодот во кој се наоѓа земјата, особено во насока на исполнување на обврските за европските и евроатлантските интеграции.

– Претстојниот референдум во моментов го окупира политичкиот фокус во државава, и вашето присуство во овие историски моменти претставува акт на искрено пријателство, за што сме ви и лично благодарни, истакна Османи.

Тој го информираше својот соговорник дека покрај подготовките за референдумот, Владата е сериозно посветена и на подготовките за претстојниот скрининг како и за почеток на преговорите, за што е создаден преговарачки тим, кој веќе работи и на подготовка на преговарачка структура. Владата, навел тој, останува силно фокусирана и на задржувањето и продлабочувањето на позитивниот реформски импулс, во насока на испорачување на конкретни и видливи резултати во делот на судството, безбедносните служби, јавната администрација, но и во делот за борбата против организираниот криминал и корупција, како и во сите останати клучни области, се со цел исполнување на сите забелешки и препораки од заклучоците на европските совети од јуни оваа година.

– Како земја, која долги години се наоѓа во претпристапниот процес, Република Македонија се чувствува подготвена и се согласува за т.н. ‘строг и фер’ пристап во процесот на проширување, почивајќи на фер мерит систем на вредности, изјави Османи, потенцирајќи дека само цврста, силна и обединета Европа ќе претставува гарант за безбедноста на целиот континент, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски