Поддржувачите на „Протестирам“ низ улиците на Кочани

Од:

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ и вечерва на мирен протест низ улиците на Кочани го искажаа своето незадоволство од актуелната власт и побараа нејзина оставка.

Од Градскиот парк, низ улиците на Кочани, се до зградата на Општината, учесниците на протестот извикува пароли за оставка на претседателот Ѓорге Иванов и повлекување на одлуката за аболиција.

Пред Општина Кочани на насобраните граѓани им се обрати претседателот на Општинската организација на СДСМ во Кочани Сашко Костов кој искажувајќи револт кон локалната власт порача таа да си замине поскоро. – А ние ќе се бориме за подоброто утре на Кочани и за подобра иднина на граѓаните во него, рече Костов.

Александар Симеонов во име на група граѓани зборуваше за петицијата со која се собрани 1.800 потписи од граѓани на Кочани против организираниот паркинг во градот. – Не се собравме да рушиме, туку да ја промениме власта од која ни е доста со ова криминално владеење, истакна Симеонов на протестот, на кој беа рецитирани и револуционерни стихови од Ацо Шопов и Кочо Рацин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот