Поддржани измените на Законот за ловството во прво читање

Од:

Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 67-та седница го поддржа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за ловството во прво читање, и препорача негово проследување во натамошна собраниска процедура.

Образложувајќи ги законските измени, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски рече дека со нив се предвидува постапката за доделување на дивечот во ловиштата по пат на концесија да започне шест месеца пред истекот на концесиските договори.

Втората измена, како што истакна Костадиновски, се однесува на усогласувањето со Законот за полагање испит во делот што значи добивање дозвола за ловство.

Во образложението на Предлог-законот се наведува дека со него треба да се подобри транспарентноста при полагање на испитот, и воедно да се заострат казнените мерки во однос на постапката при спроведување на испитот, како за кандидатите така и за овластените преставници кои учествуваат во спроведување на испитот.

Пратениците од опозицијата сметаат дека предложеното законско решение треба да се повлече и да се доработи.

Собранието без расправа ги поддржа измените и дополнувањата на Законот за рибарство и аквакултура, на Законот за квалитет на земјоделските производи, на Законот за пасиштата и на Законот за земјоделски задруги, сите во прво читање и ги препорача во натамошна собраниска процедура, односно во второ читање.

Собранието го поддржа и Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за водостопанство и препорача негово проследување во натамошна собраниска процедура.

Пратеникот Панче Орцев од СДСМ рече дека со овој Предлог закон се врши усогласување со Законот за прекршоците но, не во доволна мера која би била во корист и на правните лица и на граѓаните. Тој обвини дека Владата го штити јавното претпријатие АД Водостопанство со изрекување помали казни, отколку кога би се работело за прекршок од други правни лица.

Љупчо Димовски од СПМ реплицирајќи му на пратеникот Орцев рече дека водостопанскиот систем во државата го уништи претходната влада, меѓу другото и со потпишувањето на договор за проект за санација на водостопанските претпријатија кои ги има урнисано.

– По две години анализи кои се вршеа во Министерството за земјоделство и Управата за водостопанство беше изготвена програма која се однесува на целосна реконструкција и рехабилитација на системот за наводнување и одводнување, рече Димов.

Би можело да ве интересира

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Собранието ја прифати интерпелацијата за државниот обвинител Коцевски

Катерина Ѓуровски

На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

А1он

Пратениците дебатираат за ребалансот на Буџетот за 2025 година

Утре на пленарна седница ќе биде дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата