Поддршка за „Протестирам“ од Професорскиот пленум

Од:

Професорскиот пленум ги поддржува граѓанските протести, како единствен можен акт на самоодбрана. Тие бараат одговорност од сите што спроведуваат, оправдуваат и простуваат самоволие, владеење на правото и неселективна правда, право на говор, слободна и критичка мисла и создавање услови за слободно изразување на волјата на граѓаните!

Професорскиот пленум ги повикува сите политички фактори во земјава да ги преземат неопходните чекори за да се стави крај на беззаконието и да создадат услови за опстојување на Република Македонија како самостојна, суверена, демократска, цивилизирана и просперитетна држава за сите нејзини граѓани.

Професорскиот пленум бара од меѓународната заедница како учесник и гарант на политичкиот договор без дипломатски речник да се изјасни за состојбите и со цврста определба да застане на страната на правдата, зашто БЕЗ ПРАВДА НЕМА МИР!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите