Поддршка од неколку партии за барања на граѓанскиот сектор

Од:

Повеќе граѓански организации формулираа конкретни барања за унапредување на состојбите во утврдени општествено, социо-економски и политички области во земјата рамки на проектот „Градење на социјална кохезија од „темел нагоре“: Денот потоа„ на Фондацијата „Фридрих Еберт“.

Радмила Шекеринска од СДСМ, Лилјана Поповска од ДОМ, Павле Трајанов од ДС, Стојанче Ангелов од Достоинство и Андреј Јованчевски од Левица денеска се потпишаа на документот со барањата на граѓанскиот сектор обврзувајќи се дека ќе помогнат за нивна реализација доколку дојдат на власт на предвремените избори на 11 декември.

Милан Живковиќ од Фондацијата „Фридрих Еберт“ рече дека партиите потписници не само што ќе ги земат предвид барањата на граѓанскиот сектор туку тие се обврзуваат да ги вклучат граѓанските организации со директна комуникација и заедно со државните институции да градат една инклузивно граѓанско општество.

Пред претставниците на политичките партии денеска беа претставени барањата од областа на демократијата и човековите права и животната средина, додека в понеделник ќе бидат изнесени ставовите во делот на економијата и социјалната држава.

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, која координираше со делот за демократија и човекови права рече, рече дека она што го содржи документот од аспект на демократија и човекови права не е нешто ново, но, вели Пировска, сега бараме и цврсто заложување за нивно реализирање. Барањата, според неа, и се веќе познати на јавноста.

Делот за животна средина го опфаќа и одржливиот енергетски систем. – Во однос на загадувањето, сите краткорочни и среднороќни мерки би требало да го намалат загадувањето, особено оние кои се во делот на енергетскиот сектор, изјави Невена Смилевска од Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко свест.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он