Либерално-демократската младина изразува целосна поддршка до организаторите и учесниците на овогодинешниот “Коноп Фест 2015“, кој ќе се одржи на 19-ти април на Градската Плажа “Парк“, со почеток од 10:00 часот.
Раководството на Либерално-демократската младина, заедно со членството и симпатизерите цврсто застанува зад идејата на пораката на организаторите со со која од надлежните се бара легализација (декриминализација) на употребата на канабисот во медицински цели. Се’ поголемиот тренд, на регионално, европско и светско ниво за легализација на канабисот, како алтернатива на хемиските супстанци, како и медицинскиот бенефит од истото растение е евидентно и ЛиДеМ апелира до властите сериозно да пристапат кон проучување и реализација на горенаведеното.
Економските, медицинските и социјалните импликации на употребата на канабисот во медицински цели е лесно воочливи од досегашните примери, како во Европа, така и во светот, а се’ почесто сме сведоци и на вакви иницијативи кои доаѓаат од републиките кои се наоѓаат на балканскиот полуостров. Либерално-демократската младина посакува успешен и продуктивен “Коноп Фест 2015“.