Поддршка од Делегацијата на ЕУ за дигитализација на податоци во образованието

Од:

Делегацијата на Европската Унија во Скопје изразува подготвеност за поддршка на Министерството за образование и наука во делот на модернизацијата и целосна дигитализација на процесите за прибирање, обработка и анализа на податоци во областа на образованието, кои се особено важни при креирањето на идните образовни политики и реформи.

Преку ИПА II програмата, Делегацијата на ЕУ планира да обезбеди и средства за поврзување и синхронизација на неколку бази со податоци и информативни системи, како и средства за изградба на заеднички платформи за размена на податоци помеѓу Министерството за образование и наука и останатите државни институции, како Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија.

– Ова беше главна тема на разговор на денешната средба помеѓу министерот за образование и наука, Арбер Адеми и претставниците на Делегацијата на ЕУ во Скопје. Адеми изрази благодарност за континуираната поддршка која Делегацијата на ЕУ ја обезбедува во делот на креирањето и реализацијата на националните образовни политики и реформи, додавајќи дека секоја помош за Македонија како земја аспирант за членство во европското семејство е добредојдена, а во насока на забрзување на процесот на интеграција, соопшти МОН.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски