Иницијативата на граѓански организации „Предлог за итни демократски реформи“ го поддржува Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и другите медиумски организации во нивните напори за обезбедување фер и правично судење за Зоран Божиновски.
Правото на фер судење е фундаментално човеково право, а Македонија треба да ги почитува ратификуваните меѓународни конвенции и да го обезбеди подеднакво тоа право за сите граѓани на Република Македонија.
Иницијативата се приклучува кон утрешниот протест пред Основниот суд во Скопје во 10 часот каде што е закажано првото рочиште против Божиновски.
Потписници на иницијативата:
– Граѓанска асоцијација МОСТ
– Институт за демократија Социетас Цивилис
– Институт за европска политика (ЕПИ)
– Институт за комуникациски студии (ИКС)
– Македонски центар за европско образование (МЦЕО)
– Фондација отворено општество – Македонија
– Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
– Центар за економски анализи (ЦЕА)
– ЦИВИЛ – Центар за слобода
– Бранимир Јовановиќ
– Драган Гоцевски