ФОТО: Поцрвене реката Брегалница

Од:

Реката Брегалница поцрвене. Од саботата во текот на попладневните часови до вечера попладнето од каналот кај поранешниот Текстилен комбинат Македонка, некоја фирма испуштила црвена боја.

Спортско риболовното друштво (СРД) „Брегалница“- Штип го извести, Владимир Черкезов Државниот инспектор за животна средина, кој зеде мостри од реката, кои веднаш се испратени на анализа во Скопје.

Секретарот на СРД „Брегалница“, Благој Димитров вели дека ова не е првпат реката да е обоена во некоја боја.

bregalnicaCrvena1

-Немаме регистрирано помор на рибата, но жално е што цел Штип  пие вода од бубарите кои се лоцирани под поранешниот текстилен комбинат „Македонка“. Ова не е првпат Брегалница да е обоена во некоја боја, вели Димитров.

Државниот инспектор за животна средина , Владимир Черкезов вели дека во кругот на поранешна „Македонка“ има четири фирми кои работат со боење на материјали.

-Кој е причинителот не знаеме. Нема помор на река Брегалница, а единствено знаеме дека е забрането испуштање на обоени материи во Брегалница, вели Черкезов.

Тој истакна дека мострите од водата се испратени, а во рок од седум дена се очекува да се добијат и анализите, со што ќе се утврди која инсталација испушта боја во реката Брегалница.

фото: миа

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници