Поцрне Луда Мара од излеани фекалии

Од:

Водата на реката Луда Мара доби црна боја а во дел од градот Кавадарци од неа се шири и непријатна миризба. Од јавното претпријатие „Комуналец“ од овој град денеска информираат дека причината е во затната канализација на кавадаречката улица Слога.

– Поради затнување на канализацијата дошло до преливање на фекалиите во атмосферската канализација која завршува во реката. Интензивно работиме на отстранување на проблемот и тој ќе биде решен најбрзо што може, соопшти Марјан Прескакулев, раководител на работната единица за водовод и канализација при комуналното претпријатие.

Тој апелираше до кавадарчани да бидат совесни и да не фрлаат комиње во канализациите за да не доаѓа до нивно затнување.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак