Почувствуван земјотрес во Прилеп, епицентарот во Грција

Од:

Земјотрес е почувствуван изутрина во 7:39 минути во Прилеп и околината, со интензитет меѓу три и четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Епицентарот на земјотресот бил во Грција на 110 километри од Скопје, со јачина од 3,9 според Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот регистриран вчера попладне во Дебар, Тетово, Гостивар, Скопје и околината, беше со епицентар во Албанија во граничното епицентрално подрајче Дебар-Пешкопеја, а со интензитет од 4,8 степени според Рихтер.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Силен земјотрес ја погоди Боливија