Почувствуван земјотрес во Македонија, епицентарот во Албанија

Од:

Во 11 часот и една минута е почувствуван земјотрес во западниот и јужниот дел на Македонија. Потресот со јачина од 4.9 степени по Рихтер е почувствуван и во Црна Гора, Косово и Србија.

Епицентарот е на 30 километри северо-западно од Тирана, Албанија, на длабочина од 10 километри.

Осум минути подоцна уште еден земјотрес е регистриран во Албанија, овој пат со епицентар во Јадранското море, 35 километри северо-западно од Тирана.

Вториот земјотрес беше со јачина од 3.9 степени по Рихтер.

Засега нема информации за материјална штета, но земјотресите предизвикале голема вознемиреност кај туристите во Драч и Валона.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Силен земјотрес ја погоди Боливија