Почувствуван земјотрес со епицентар во Албанија

Од:

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 4.3 се случил денеска во 12.30 часот со епицентар во Албанија, 110 километри западно од Скопје.

– Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван најсилно во западните делови на Република Македонија, и тоа во Дебар со интензитет од IV-V степени, и Гостивар со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Во Скопје и во југозападните делови од територијата на Македонија – во Кичево, Тетово, Охрид и Битола, земјотресот бил почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Кина

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово