Почувствуван нов земјотрес во Скопје

Од:

Послаб земјотрес претпладнето во 11 часот и 50 повторно беше почувствуван во Скопје и околината.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 2,3 според Рихтеровата скала, а епицентарот му бил на шест километри источно од Скопје, на длабочина од еден километар.

Денешниот земјотрес е дел од серијата потреси што го погодија Скопје и околината во изминатото деноноќие.

530127-local

Сизмолошката опсерваторија при ПМФ информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 12 земјотреси.

Најсилниот земјотрес беше почувствуван вчера во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.

Во серијата земјотреси што во текот на вчерашниот ден го погодија скопскиот регион причинети се материјални штети, а лекарска помош побарале стотина граѓани.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Силен земјотрес ја погоди Боливија