А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Почнува вакцинацијата против сезонски грип

by А1он05/11/2018 - 08:19242
Share0

Во сите Центрите за јавно здравје во земјава денеска почнува вакцинацијата против сезонски грип. Годинава обезбедени се 41.000 дози вакцини.

Добивај вести на вибер

По првпат годинава Министерството за здравство, како што рече вчера на прес-конференција ресорниот министер Венко Филипче, набави 28.000 дози на вакцина, која е бесплатна за лицата над 65 години со пензија помала од 14.480 денари, односно со просечна и потпросечна пензија, како и за оние што немаат пензија.

– Набавивме четиривалентна вакцина, која е најнова, висококвалитетна, и заштитува од четири видови на инфлуенца и истата е според препораките на Светската Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција. Вакцините се набавени од француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“. Годинава им помагаме на граѓаните на кои им е најмногу потребна вакцината. Вакцинацијата не е задолжителна, но ја препорачуваме за лица над 65 години, како и за другите со хронични болести, но и здравствени работници и други лица во здравствен ризик, потенцираше Филипче.

Оваа година, сите пензионери над 65 години со просечна и потпросечна пензија, со чек од својата пензија треба да дојдат кај матичниот лекар, кој пак преку „Мој термин“ ќе им закажат термин за вакцинација во некој од Центрите за јавно здравје. Пензионерите над 65 години кои не земаат пензија, ќе можат да се вакцинираат со потврда од ПИОМ.

За сите останати лица, кои сакаат да се вакцинираат, како што велат од ресорното Министерство, тоа можат да го направат во Центрите за јавно здравје, без закажување. Станува збор за 13.000 дози што ги набавија Центрите за јавно здравје, а цената за нив е 650 денари.

Министерството за здравство, како што посочуваат оттаму, при набавката постигна најниска цена на чинење со што заштеди околу 75.000 евра.

gripmzvakcinacija

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он06/12/2025 - 13:14

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Горан Наумовски01/12/2025 - 16:27

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он24/06/2025 - 17:1124/06/2025 - 17:13

Во Аеродром, Карпош и Центар низок опфат со МРП вакцина, висок ризик од појава на епидемија со морбили

Катерина Ѓуровски29/04/2025 - 14:36

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он12/04/2025 - 14:52

Грипот зема уште еден живот – почина пензионер од Штип

Горан Наумовски13/03/2025 - 17:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен