Почнува вакцинацијата на граѓани под 75 години

Од:

Од денеска почнува вакцинирање и на граѓани под 75 години, пријавени преку сајтот „vakcinacija.mk“, или преку матичните лекари. Во салата „Борис Трајковски“ во Скопје вчера заврши вакцинирањето на вработените во критичната инфраструктура. Досега се вакцинирани близу 30 илјади граѓани.

Од компанијата „Фајзер“ преку директен договор на 19 и 26 април треба да стигнат по 10.000 дози информираат здравствените власти. Исто така, се очекува и информација од Руската амбасада за дополнителни количини на вакцината „Спутник“, а до крајот на месецов би требало да пристигнат 76.000 дози на „Астра Зенека“.

На инфективните оддели во земјава има 1762 пациенти заболени од Ковид-19. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка. Во главниот град, пак, за 24 часа имаше 64 хоспитализирани, а вкупно се лекуваат 703 лица.

Вкупната бројка на дијагностицирани лица со Ковид-19 во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 144.111. Оздравени се 119.683, а починати 4.322. Бројот на активни случаи изнесува 20.106. Досега во земјата се направени вкупно 677.988 тестирања на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска