Почнa тридневниот изборен молк

Од:

Денеска на полноќ почна изборниот молк, кој ќе трае до 21 часот на 15 јули. Во текот на 20 дневната кампања за овие предвремни парламентарни избори, која почна на 24 јуни, партиите и коалициите имаа можност да ја претстават својата понуда пред граѓаните.

На парламентарните избори учествуваат 15 коалиции и политички партии, за кои граѓаните ќе можат да го дадат својот глас.

Тие, поради коронавирусот, овојпат држеа малку поинаква кампања, која се состоеше претежно од изборни спотови, а на митинзите учествуваа помал број членови, активисти и симпатизери, кои носеа маски и држеа дистанца.

-За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануват сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања, нагласи Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како потсетување за радиодифузерите.

Од АВМУ потсетуваат дека според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Утре ќе гласаат 716 лица со Ковид-19 и во самоизолација, а во вторник 8852 болни, изнемоштени и хронично болни лица.

Изборите се одржуваат во среда, од 7 до 21 часот.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он