Почнува Стратешкиот Дијалог меѓу Македонија и САД

Од:

Делегација на Владата на Македонија, предводена од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за економија, Крешник Бектеши и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, од денес престојува во Вашингтон, каде ќе учествуваат на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД. Преку видео-конференциска врска на Стратешкиот дијалог ќе се приклучи и заменичката на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

„Во фокусот на Стратешкиот дијалог ќе бидат темите од билатералните односи, но ќе стане збор и за прашања од глобален интерес. Значајно место во разговорите ќе имаат темите од областа на регионалната соработка, одбраната и безбедноста, енергетиката, економската соработка, трговијата и инвестициите, културната соработка, како и прашањата од областа на образованието, демократскиот развој, борбата против корупција и сл.

Воедно, ќе стане збор и за евроинтегративните процеси на Северна Македонија и регионот, идното претседавање на земјава со ОБСЕ во 2023 година, како и актуелните безбедносни предизвици и нивните импликации врз трансатлантската безбедност.

По завршувањето на Стратешкиот дијалог ќе биде донесена Заедничка изјава меѓу Северна Македонија и САД, со која ќе бидат реафирмирани заедничките заложби за понатамошно надградување на билатералните односи и соработката меѓу двете земји.

Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан која отвара Стратешки дијалог со САД кој воедно претставува надградба на досегашното стратешко партнерство меѓу двете земји и подигнување на билатералните односи на повисоко ниво“, информираат од Владата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Америка драстично го намалува бројот на летови, владината блокада влезе во нов рекорд

ВИДЕО: Блокадата на федералната влада на САД е најдолга во историјата, можно затворање на дел од возхушниот простор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Аеродромите во САД парализирани поради блокиранот буџет

Таен извештај на САД: Израелските војници извршија стотици можни кршења на човековите права во Газа

Романија е само почеток, новата одлука на Трамп го загрижува НАТО

Низа мистериозни смртни случаи во Хјустон, граѓаните стравуваат дека се појавил сериски убиец