Почнува скијачката сезона на Попова Шапка

Од:

Со ноќно скијање вечер од 19 до 22 часот, ќе започне новата скијачка сезона на Попова Шапка.

Директорот на Друштвото за угостителство и туризам Попова Шапка, Перо Димитриески најави дека првото уживање во ноќното скијање за сите љубители на зимските спортови ќе биде бесплатно.

За новата 2012/2013 скијачка сезона сите ски лифтови се во функција, но засега нема да работи само двоседишницата кон Церипашина. Се очекува да профункционира за десетина дена.

Цените за користење на ски лифтовите се исти како и минатогодишните, дневната карта чини 900, полудневната 700, а неделната ски карта 5700 денари.

Би можело да ве интересира

Голема потрага по планинарка од Бугарија – исчезна на Попова Шапка

Бандера со струја во спалната соба-нови архитектонски стандарди на Попова Шапка

Горан Наумовски

Откриена кражба на струја од над 22.000 евра на Попова Шапка

Катерина Ѓуровски

Слаб снег на Попова Шапка, сообраќајот се одвива без застои

Горан Наумовски

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег