Стотина учесници пристигнаа пред стартот на првата Парада на гордоста

Од:

Стотина се собираат во Жена парк во Скопје од каде треба да стартува првата Парада на гордоста во земјава. Забележливо е присуството на учесници на парадата од повеќе држави, има Грци, Британци, Срби, Хрвати со знамиња „Скопје Прајд“.

-Би можеле да бидеме и во поголем број, но доволно е и ова за како прва парада на годоста, вели една учесничка на парадата на гордоста.


Има полициско обезбедување, а МВР и претходно најави дека нема да дозволи никаков инцидент или насилство при одржување на парадата. На влезот во просторот каде се собираат учесниците на парадата претресуваат торбите.

Настанот почна во 11 часот во паркот „Жена Борец“ од каде со марш ќе се упатат до Градскиот парк.

Би можело да ве интересира

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

Орце Костов

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Англиската црква се извини поради третманот на лицата од ЛГБТ заедницата: Длабоко ни е жал

А1он