Почнува продажбата на парцели во новата населба во Општина Илинден

Од:

Општина Илинден почна со отуѓување на првите парцели од предвидените 500 во рамките на реализацијата на Проектот за изградба на нова населба за домување на локалитетот Јака.

Во наредниот период континуирано ќе се отуѓуваат градежни парцели наменети за домување, хотелско сместувачки капацитети и трговски центар.

Со продажба на парцелите наменети за семејно домување во станбени куќи, Општината има намера да им излезе во пресрет на оние што го немаат решено станбеното прашање, да дојдат до градежна парцела на која ќе изградат сопствена куќа.

Почетната цена на електронско јавно наддавање за градежните парцели изнесува 95 денари за метар квадратен.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица кои што ќе достават Пријава за учество во јавно надавање, која треба да се достави до 07.11.2012 година на адресата на Општина Илинден. Јавното наддавање ќе се оддржи на 12.11.2012 година по електронски пат на следната интернет страна: www.gradezno-zemjiste.mk.

Комплетната објава може да се најде на веб страната на Општина Илинден www.ilinden.gov.mk.

Во функција на локалниот економски развој, Општина Илинден го донесе урбанистичкиот план за локалитетот Јака, со кој на површина од 28 хектари покрај станбени куќи ќе бидат изградени и трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собири.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен