Почнува полагањето државна матура

Од:

Од денеска до 19 јуни ќе се реализираат испитите од државната матура во учебната 2014/2015 година. Државниот испитен центар соопшти дека оваа година се пријавени 17.643 ученици. Од нив, 8.815 се од гимназиско образование, 8.550 од средно стручно образование и 278 од средно уметничко образование.

Во сите средни училишта во Македонија денеска ќе се полага мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, кој е задолжителен предмет на испитот државна матура.

Македонски јазик и литература ќе полагаат 11.359 кандидати, 5.565 албански јазик и литература, а 397 турски јазик и литература.

На 15 јуни ќе се полага странски јазик. И оваа година најмногу матуранти избрале да полагаат англиски јазик (16.336). За француски јазик се пријавиле 134 кандидати, за германски 178 и за руски јазик 47 кандидати.

На 17 јуни ќе се полага математика, за која се пријавени 2.626 кандидати.

На 19 јуни ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика. Бизнис ќе полагаат 4582 кандидати, историја – 3856, биологија – 3654, филозофија – 2679, хемија – 354, физика – 119 и естетика – 204.

Во сите испитни денови тестирањето ќе почнува во 10 часот.

„Испитниот материјал се доставува во училиштата и се враќа во Државниот испитен центар истиот ден кога се реализира испитот. Во процесот на реализација на матурата во училиштата се ангажирани 2117 наставници како тестатори и околу 200 набљудувачи претставници од институциите надлежни за образованието во Република Македонија“, соопшти ДИЦ.

Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит.

Би можело да ве интересира

Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

Орце Костов

Павиќевиќ: Виновни се и тие што препишувале и тие што дозволиле да се препишува

Ана Ололовска

ДИЦ: Тестови не се пробиени туку споделувани во вибер-групи откако почна испитот

Ана Ололовска

Втор дел државна матура – полагање на изборниот екстерен испит

Ана Ололовска

ДИЦ: Државната матура ќе полагаат 15 620 ученици

Ана Ололовска

ДИЦ останува во штрајк и се повлекува од јавни известувања – порача одговорите да ги даваат надлежните министерства

Ана Ололовска