Почнува операцијата „Бумеранг“, ќе предадеме 1.150.000 фајлови најавува правниот тим на Боки 13

Од:

По добиените информации од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција дека шефот на обвителството, јавниот обвинител Ислам Абази, постапувајќи по барањето на Бојан Јовановски со прекар Боки 13 веќе оформил предмет и го распределил кај надлежен јавен обвинител на постапување, Ве информираме дека со ова започнува кривично-правна операција со кодно име “Бумеранг” се наведува во соопштението од првниот тим на Бојан Јовановски.

– Ја поздравуваме итноста и ажурноста при постапувањето од страна на јавниот обвинител Ислам Абази и очекуваме пред се темелна, ефикасна и непристрасна разрешница од страна на надлежниот обвинител кој ќе постапува по предметот. Поради високиот степен на карактерот и сериозноста на процесот “Бумеранг” бараме и очекуваме посветеност, неселективност и максимална професионалност од страна на надлежниот обвинител.Напоменуваме дека поради обемноста на материјалот и доказите во бројка од 1.150.000 (еден милион и сто и педесет) фајлови со податоци во кои се содржани аудио снимени разговори, транскрипти, пораки, остварени телефонски комуникации, видео и фотографски записи, т.н. “бомби” , заради целисходност при постапување по предметот ќе биде потребно формирање на посебен тим за работа и процесуирање на кривичните пријави во согласност со реалните потреби за ефикасно и правилнло постапување по предметот, за кое нешто ќе истакнеме посебно барање до јавниот обвинител се потенцира во писмото.

Од правниот тим напоменуваат и подносителот Бојан Јовановски ќе ги поднесува пријавите и ќе ги предаде доказите на записник по претходно утврдени законски гаранции за заштита на неговиот физички и психички интегритет поради карактерот, сензитивноста и сериозноста на отпочнатиот процес со кодно име “Бумеранг”.

– Бојан Јовановски ќе ги поднесе пријавите и ќе ги предаде доказите во присуство на неговите полномошници мр.Владимир Туфегџиќ и Сашко Дукоски, адвокати од Скопје, единствено во сигурносно обезбедени простории во ОЈО за ГОКК, со визуелно, тонски запис од чинот на сослушување и предавање на доказите.Јавноста благовремено ќе биде известена за термините и динамиката определена од страна на надлежниот обвинител за текот на целиот процес и во рамки на законски дозволеното ќе бидат споделувани информации во јавноста кои нема да ја компромитираат иницираната кривично правна операција со кодно име “Бумеранг” .

Би можело да ве интересира

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски

Боки 13 е на операција за отстранување на желудникот

Катерина Ѓуровски