Училишното ѕвонче денеска ќе го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата се уште доставуваат бројки.
Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај. Обезбедени се учебници за сите ученици, а првпат по седум години ќе има и учебници по странските јазици. Вештачката интелегенција влегува во наставата, а образовни асистенти ќе можат да добијат и средношколци.
Новата учебна 2025-2026 година утре ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовни
Од оваа учебна година започнува примената на нов електронски дневник кој има значително подобри перформанси од претходниот и наставниците ќе можат да се најават и пополнуваат податоци во секој момент.
Вештачката интелигенција влегува во наставата за што е изготвен сеопфатен прирачник за едукација и на наставници и на ученици, со јасни инструкции за етичка и ефикасна примена на новите технолошки алатки за образовни цели.